Поврзете се со нас

Франција

Галтие со моќни зборови ја потврди разделбата со Меси

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Повеќе од јасно беше дека Лионел Меси си оди од ПСЖ по крајот на актуелната натпреварувачка сезона, па сега тоа го потврди и тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие.

Искусниот фудбалски стручњак се уште не е запознаен со својата иднина и не знае дали ќе остане во Париз и наредната сезона, но сепак знае дека Аргентинецот си оди од „Паркот на принцовите“ и не ја продолжува соработката.

Меси повторно е слободен агент и може да потпише со било кој клуб, па иако интересот од Барселона е навистина голем, постои огромна веројатност на крајот да заврши во Саудиска Арабија.

– Точно е, Меси си оди. Имав привилегија да го тренирам најдобриот играч во историјата на фудбалот. Оваа сабота ќе го одигра последниот натпревар на „Паркот на принцовите“ и очекувам да биде пречекан како што доликува и заслужува.

– Оваа сезона беше клучен фактор во тимот, постојано стоеше на располагање. Ниту една од критиките не се оправдани. Имаше мундијал на средина на сезоната, а неговата статистика вели дека има над 20 гола и над 20 асистенции. Беше привилегија да го тренирам оваа сезона, – изјави Галтие пред мечот со Клермон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни