Поврзете се со нас

Европски првенства

Франција очекувано ја доби Црна Гора, сега ќе мора да оди на победа и против Данска

Објавено

на

Репрезентацијата на Франција ја оправда фаворитската улога и очекувано со високи 36:27 славеше против селекцијата на Црна Гора.

Балканската репрезентација немаше сили за нов подвиг иако сосема солидно му парираше на големиот фаворит во текот на поголем дел од првото полувреме.

Французите додадоа на гаста кон крајот на првиот дел кој го добија со 16:12. Во второто полувреме предноста само растеше и на крајот истата изнесуваше високи девет голови разлика.

Дика Мем конечно одигра добар натпревар и беше најефикасен кај Французите со седум погодоци, додека во Црна Гора повторно одличен беше Вујовиќ кој исто така постигна седум голови.

Франција со оваа победа ги остави живи шансите за пласман во полуфиналето, но во последниот натпревар против Данска ќе мора да оди на победа или бод, за да не зависи од натпреварот  помеѓу Исланд и Црна Гора.

Доколку Франција загуби од Данска, а Исланд ја победи Црна Гора ќе биде приредена сензција и островската земја ќе се пласира во полуфиналето од Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни