Поврзете се со нас

Олимписки игри

Франција ќе игра полуфинале, Гобер атрактивно ја запечати судбината на Италија (Видео)

Објавено

на

Франција е третиот полуфиналист на олимпискиот кошаркарски турнир, а денеска во Токио оваа селекција беше поуспешна од Италија (84:75).

Репрезентацијата која беше фаворит заслужено стигна до победата, иако Италија одигра подобро во првиот период, а во завршниот ја стопи негативата и се врати во егал позиција.

Од 66:66 долго се играше на кош разлика, но Франција ниту еднаш не дозволи противникот да го преземе водството, па на крајот умешно ја зачува, па и зголеми предноста, во ситуација кога Италијанците мораа да бркаат резултат со потешки удари за три поени.

Гобер беше најголем проблем за италијанската одбрана, а го заврши мечот со 22 поени и 9 скокови, додека зад него останаа Фурние со 21 и Батум со 15 поени. НБА центарот стави точка на натпреварот со атрактивно забивање во контра, а тој и неговите колеги веќе треба да размислуваат за следниот противник Словенија.

Галинари го предводеше италијанскиот состав со дабл-дабл (21 поен и 10 скокови), а поефикасен од него беше само Фонтекио со 23 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни