Карате
Финале и обезбеден сребрен медал за македонските каратисти на Европската Универзијада во Лоѓ
На првиот натпреварувачки ден на европската универзијада која се одржува во Лоѓ, Полска, во дисциплината борби (кумите) екипно , машкиот универзитетски тим , после три фантастични победи успеа да влезе во финалето.
Во првото коло беше совладана екипата на Унгарија со резултат 3-0, потоа во второто коло нашиот тим ја совлада екипата на Украина со резултат 3-1, и во полуфиналето нашите каратисти беа подобри од екипата на Словачка која ја победија исто така со резултат 3-0, и го обезбедија учеството во финале кое ќе се одржи во Сабота.
За екипата на Македонија настапија : Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски.
– Направивме одличен успех и сите сме многу среќни од постигнатиот резултат. За оваа европска универзијада се подготвувавме многу сериозно ја темпиравме формата на каратистите и резултатот се постигна. Успеавме да влеземе во финале во најтешката дисциплина , борби екипно во машка конкуренција. Тимот е составена од многу искусни каратисти, иако се тие студенти, сите се репрезентативци на Македонија кои ги бранеле боите на многу европски и светски првенства. Да потсетиме дека ова е веќе второ финале во истата дисциплина на овој универзитетски тим. Тие на минатата универзијада која се одржа пред три години во Загреб, тие исто така беа финалисти и тогаш го освоија сребрениот медал, се надеваме дека на оваа универзијада ќе успееме да бидеме први и да го освоиме златниот медал, – изјави Бошко Заборски, селектор на македонската универзитетска репрезентација.
Женскиот тим во дисциплината борби имаше една победа и еден пораз и беше елиминирана во понатамошните борби за медал.
Денеска 29.07.2022, продолжуваат натпреварите на универзијадата во поединечна конкуренција борби, ние имаме вкупно десет каратисти, кои ќе се борат за добар пласман или медал. Нa Универзитетските игри во Лоѓ, Полска има 5000 спортисти од 400 европски универзитети и 40 држави, кои се натпреваруваат во 20 спортови.
-
Репрезентација17 часа
Лазаров: Ова не личеше на меч од СП, не сакам да се правдам, но кога…
-
Светски првенства15 часа
Рекс: Ова никогаш не сум го доживеал, македонските фанови…
-
Светски првенства4 часа
Дански коментатор: Ако ова се повтори, ИХФ треба да ги затвори вратите за македонските фанови
-
Светски првенства16 часа
Кварацхелија позираше со дресот на ПСЖ: Сон е да се биде овде…(ФОТО)
-
Репрезентација20 часа
Ристовски и Ангеловски ја бодрат македонската репрезентација во Вараждин
-
Светски првенства18 часа
Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас
-
Светски првенства6 часа
Митев: Македонија загуби од Холандија со помош од Данска
-
Репрезентација18 часа
Лазаревски: Најлесно е да се впери прст, прво треба да гледаме во својот двор