Поврзете се со нас

Светски првенства

Филипс признава: Инцидентот со Стерлинг донесе страв за сите репрезентативци

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Англија го очекува утрешното четвртфинале со Франција на СП во Катар, а селекторот Герет Саутгејт потврдил дека Рахим Стерлинг ќе се врати на мундијалот.

Фудбалерот на Челси отпатува дома откако непознати лица извеле вооружен грабеж во неговиот семеен дом, а неколку дена подоцна решил дека треба да им се врати на обврските во националниот тим.

Сепак, големиот инцидент ќе остави трага кај фудбалерот, а очигледно и кај неговите колеги од националниот тим. Тоа го потврди Калвин Филипс во последната изјава за медиумите.

– Кога ќе му се случи вакво нешто на еден фудбалер, кај останатите се појавува тоа стравување дека и тие можат да бидат во идентична ситуација. Воопшто не е пријатно чувство кога сте толку далеку, а имате фамилија во домот.

– Рахим се чувствува добро и е решен повторно да се врати во националниот тим, а ние сме среќни затоа што неговото семејство е подобро, – изјавил Филипс.

Стерлинг пропушти голем број тренинзи и сигурно нема да биде стартер против Франција, но останува важна алтернатива ако Англија го продолжи настапот на мундијалот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни