Поврзете се со нас

Лига на нации

ФФМ ги пушти во продажба билетите за двата натпревари на Националната арена

Објавено

на

По двата одиграни натпревари на гостински терен против Бугарија и Гибралтар, сега следат два меча на домашен терен, па така фудбалските фанови од Скопје и останатите градови може полека да се подготвуваат за дуелите на Националната арена.

Македонија ќе ја пречека Грузија во четврток, а три дена подоцна, јунскиот циклус во Лигата на нации ќе го затвориме со втор меч против Гибралтар во краток период, овојпат на домашен терен.

По тој повод, Фудбалската федерација на Македонија преку Mk Tickets, официјалниот партнер за продажба на билети, започна со продажба на билети за натпреварите против двата ривали кои ќе се одиграат на 9. и 12. јуни.

Влезниците се продаваат по цена од 250. денари за северната трибина, 250. денари за блоковите 1, 2, 5 и 6 за јужната трибина и 350. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.

Билетите од источната трибина се ставени на располагање за гостински навивачи.

Навивачите на нашата најдобра репрезентација можат да купат билет за натпреварите против Грузија и Гибралтар преку продажната мрежа на MKTickets и on-line на линковите во продолжение:

https://mktickets.mk/en/event-en

mktickets.mk/en/event-en/mkd-gbt/

Билетарата на источната трибина на Националаната арена ќе биде отворена за купување на билети на денот на натпреварите од 10:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни