Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел доби зелено светло за трката во Австралија

Објавено

на

Себастијан Фетел ќе може да им се врати на обврските во тимот на Астон Мартин и да се подготвува за претстојната трка во Австралија.

Германецот ги пропушти воведните две трки поради позитивен ковид тест, а неговото место го пополни неговиот сонародник Нико Хулкенберг.

Во Астон Мартин до последен момент се надеваа дека Фетел ќе добие негативни тестови за трката во Саудиска Арабија, но излезе дека Хулкенберг сепак ќе мора да се појави на уште една трка.

Ф1 циркусот сега се сели во Австралија, а Фетел ќе се обиде да ги освои првите поени сезонава токму следниот викенд во Мелбурн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни