Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата во Холандија

Објавено

на

Макс Ферстапен беше најбрз во квалификациите за Формула 1 трката на патеката Зандворт во Холандија и ќе стартува од пол-позицијата на домашното гран-при.

Возачот на Ред Бул доминираше во трите сесии, а на крајот го освои првото место со минимална предност во однос на Луис Хамилтон.

Актуелниот шампион во последниот круг го обезбеди второто место, односно старт од првиот ред, додека зад овие двајца е Валтери Ботас.

Пјер Гасли на АлфаТаури се најде на четвртото место, оставајќи ги зад себе Шарл Леклер и Карлос Саинц од Ферари.

До десеттото место се пласираа Џовинаци, Окон, Алонсо и Рикиардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни