Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен издоминира на квалификациите на Сузука, Пјастри изненади со второто место

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Квалификациите за трката на Големата награда на Јапонија беа причично едносмерни, бидејќи Макс Ферстапен во ниту еден момент не им даде шанса на ривалите да се надеваат на првото место.

По киксот кој го имаше Ред Бул пред една седмица во Сингапур, Ф1 параванот се пресели во Јапонија, а на легендарната „Сузука“ видовме страшна најава од актуелниот светски шампион.

Ферстапен беше недопирлив за конкуренција и убедливо стигна до пол-позицијата, но на оваа стаза видовме и одлични перформанси од двата возачи на Мекларен.

Пјастри направи мало изненеадување и извлече подобро време од својот тимски колега Ландо Норис, па така тој ќе му прави друштво на Ферстапен во првиот стартен ред.

Шарл Леклер од Ферари извозе четврто најдобро време, а зад него се најде вториот возач на Ред Бул, Чеко Перез. Карлос Саинц засега не ги повторува перформансите од минатата недела и се задоволи со шестото место во квалификациите, додека позади него е двоецот на Мерцедес, Хамилтон и Расел.

Во првите десет се најдоа уште Јуки Цунода и ветеранот Фернандо Алонсо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни