Англија
Фердинанд додава жар на огнот: Се шушка дека тој ќе биде првото големо засилување за Тен Хаг

Рио Фердинанд се огласи за последните шпекуалции кои се се погласи во јавноста, а кои го поврзуваат Френки Де Јонг со сензационален трансфер во Манчестер Јунајтед.
Критикуваниот Холанѓанец не успеа да се наметне во Барселона онака како што се предвидуваше и се верува дека е подготвен да направи нов чекор во кариерата, па и покрај тоа што Чави го посочува како клучен за неговиот проект, Барселона како клуб не отфрла продажба доколку пристигне понуда од 100 милиони евра.
Барса ќе се согласи да го продаде играчот за врска бидејќи се уште има за задача да ја поправи финансиската ситуација, па Рио Фердинанд како легнда на Јунајтед почна да го анализира потенцијалното големо засилување за Ерик Тен Хаг.
– Отсекогаш сум гледал на Френки како топ играч, играч од светска класа. Го гледав многу внимателно за време на сезоната кога Ајакс играше во полуфиналето, видов многу од него како дел од тимот на „Би-Ти Спорт“ во Лигата на шампионите.
– Се шушка дека Френки Де Јонг може да биде првиот голем играч кој ќе дојде кај Тен Хаг и јас би рекол „ДА“. Тој ќе биде големо засилување, знае да ги прави сите работи на средината на теренот. Тој не е некој од кого треба да очекувате голови, но со него ќе добиете контрола на средината. Оваа сезона Јунајтед ќе остане без Погба, Лингард, Матиќ и Мата и ќе мора засилувања во средината. Ако договорот падне, тоа ќе биде големо засилување за нас. Тој блескаше под водство на Тен Хаг и беше играч кој се двоеше во тој тим на Ајакс, – порачува Рио.
-
Англијапред 15 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 12 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 7 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Шпанијапред 15 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 12 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Шпанијапред 10 часа
Спектакуларниот „џокер“ на Анчелоти: Ќе си го скршам зглобот ако го направам тоа што го направи Модриќ