Поврзете се со нас

Свет

Фенербахче ги објави деталите од заработката која ќе ја има Озил и ја изненади цела фудбалска јавност (Фото)

Објавено

на

Месут Озил го комплетираше трансферот во Фенербахче и веќе го одработи првиот тренинг во клубот за кој навивал во детството, а како што налагаат законите во Турција, фудбалскиот великан многу брзо мораше јавно да ги открие сите детали поврзани со договорот на големата фудбалска ѕвезда која пристигна од Арсенал.

Според законите во Турција, секој голем трансфер во фудбалот треба да биде достапен во јавната платформа за годишни придонеси, па така, Фенербахче денеска ги објавите сите детали поврзани за офанзивниот играч за врска и посебно изненади со деталите од оваа прва полусезона од неговиот договор.

Имено, Озил ќе игра бесплатно за Фенербахче до крајот на сезоната и се задоволил само со бонус од 550 илјади евра за потписот кој го ставил на договорот, а во споредба со договорот кој го имаше во Арсенал, тој се откажал од нестварни 13 милиони евра и наместо 16, од наредната сезона ќе заработува по 3 милиони евра годишно.

Со оглед на финансиската состојба во клубот, Фенербахче се договорил со Озил дека редовна плата ќе му тече започнувајќи од сезоната 2021/22 во висината од 3 милиони евра, а нагласено е дека во прв момент Арсенал се откажал од заработка за реализираниот трансфер.

Во објавените документи кои се јавно достапни, се вели дека постојат клаузули според кои Арсенал може во иднина да добие 2 милиони евра, но само доколку Озил оствари неколку цели во престојот кој ќе го има во Фенербахче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни