Поврзете се со нас

Македонија

Федерацијата и клубовите едногласни: Одложен стартот на новата кошаркарска сезона

Објавено

на

Кошаркарската Федерација на Македонија излезе со соопштение по денешниот состанок кој беше одржан меѓу водечките луѓе и Здружението на Прволигаши, во кое се наведува дека новата сезона ќе започне со мало задоцнување.

Иако стартот беше предвиден за 3-ти октомври, проблемите кои ги создава коронавирусот ги натераа одговорните луѓе да го одложат првото коло за седум дена, па така сега стартот на сезоната во Првата кошаркарска лига е закажан за 10-ти октомври.

– Новата натпреварувачка сезона 2020/2021 во Првата лига-мажи наместо на првобитниот планираниот термин 3. октомври, ќе почне седум дена подоцна, односно на 10. октомври.

Ова е одлуката која на заедничкиот состанок ја донесоа раководството на федерацијата и претставниците на клубовите од Првата лига-мажи.

Двете страни заклучија дека поради актуелниот момент, потребно e одложување на стартот на новата сезона за седум дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни