Поврзете се со нас

Македонија

Фаворитите фуриозни во осминафиналната рунда во Купот на Македонија

Објавено

на

Убедливи победи обезбедија фаворитите на денешните средби од осминафиналната рунда во Купот на Македонија.

Најрасположен за игра беше составот на Академија Пандев кој испорача девет гола во мрежата на Љуботен. Малку поскромни беа Шкупи и Шкендија кои обезбедија триумфи од 6-0 и 5-0 над Воска, односно Скопје,

Тимот на Вардар пак со головите на Жоглев (2), Христов и Цветков лесно се справи со Фортуна (4-0), додека највозбудливо беше во Струга каде лидерот во ПМФЛ успеа со пресврт да го добие Работнички со 2-1 со погодоците на Малески и Кочоски.

Брегалница и Силекс пак се радуваат на минимални триумфи од 1-0 во битките со Пелистер и Тиквеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни