Поврзете се со нас

Англија

Фаулер: Вернер не е доволно добар за во Ливерпул, јас не сум негов фан

Објавено

на

Некогашниот ас на Ливерпул, Роби Фаулер смета дека Тимо Вернер не е доволно добар играч за неговиот поранешен клуб.

Напаѓачот на РБ Лајпциг долго време се поврзува со „црвените“ за да последниве денови излезат вести дека е на добар пат да заврши во Челси, информација со која беа разочарани добар дел од навивачите на клубот од „Енфилд Роуд“.

-Ја слушнав вревата што се направи за Вернер во последните недели, јас не сум негов фан. Сфаќам дека тој е талентиран играч, има моменти на вистинска брилијантност во натпреварите што го потенцираат неговиот квалитет, но јас стојам на ова: Дали Вернер е на нивото што Ливерпул сега го има во напаѓачката тројка? Според мене не. Секако дека моето мислење ќе биде ставено на тест следната сезона ако тој заврши во Челси.

-Имаше многу гласини околу неговата следна дестинација со месеци, со мојот поранешен клуб во срцето на тоа, ама и другите големи европски имиња се поврзуваа со него. Исто така видов како и дел од навивачите на Ливерпул се стопија кога видоа дека не го напушта Лајпциг за „Енфилд Роуд“. Изгледа како да е Марко Ван Бастен, играч од светска класа кој може да игра во секоја екипа.

-Јас го имам гледано неколкупати и има работи кои ми се допаѓаат во неговата игра, но дали има конзистинетно влијание на натпреварите? Не за мене. Дали одговара на играчите што ги ангажирате за да бидат конкуренција и замена? Не во Ливерпул. Можеби во Челси, -истакна Фаулер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни