Поврзете се со нас

Шпанија

Фати официјално стана дел од првата екипата на Барселона и доби луда откупна клаузула (ВИДЕО)

Објавено

на

Супер талентираниот Ансу Фати официјално стана член на првата екипа на шпанскиот целикан Барселона.

Тој од минатата година тренираше и работеше со првотимците, меѓутоа не беше регистриран и немаше број како играч за најдобриот тим на каталонците. Од оваа сезона тоа ќе се промени и новиот бисер на Барселона и шпанскиот фудбал официјално ќе биде во друштво на Меси, Гризман, Бускетс, Пике и останатите, односно ќе настапува со дресот со број 22 кој досега го носеше Артуро Видал.

Со промоцијата во првата екипа Фати доби и нова откупна клаузула, па онаа досегашна од 170 милиони евра се брише и сега 17-годишниот офанзивец вреди 400 милиони евра.

Талентираниот Ансу кој веќе дебитираше и за А селекцијата на Шпанија се очекува да добие значајна, сериозна улога во Барселона во сезоната 2020/2021.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни