Поврзете се со нас

Германија

„Фармацевтите“ испратија јасна порака за иднината на Алонсо на „БајАрена“

Објавено

на

Баер Леверкузен има одлични резултати во оваа сезона и по шест гола е лидер во Бундеслигата што јасно говори дека тренерот Чаби Алонсо врши фантастична работа на „БајАрена“.

Тој го презема тимот минатата кампања и успеа да го одведе до полуфиналето на Лига Европа, но и до шестата позиција во шампионатот што секако е успех ако се земе предвид ситуацијата во која дојде на сегашната позиција. Токму Алонсо во последно време е доста актуелен во Шпанија каде се посочува како наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.

Чаби не ја отфрли оваа опција со оглед на тоа што многу добро знае каков е фудбалскиот живот, ама „фармацевтите“ пак немаат намера да се откажат од неговите услуги.

Алонсо: Да бидам тренер на Реал? Уште сме во септември…

-Неговата посветеност ја добивме пред неколку недели кога го продолжи договорот. Чаби не мора ништо да каже ништо. Тој го продолжи договорот. Тој е целосно фокусиран овде, -порача директорот на бундеслигашот, Симон Ролфс.

Инаку стратегот во месев август стави потпис на нов договор со важност до 2026 година.

Алонсо стави потпис на нов договор со „фармацевтите“ од Леверкузен: Ова патување продолжува (ФОТО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни