Поврзете се со нас

Англија

Фановите на Арсенал бесни на главниот судија, Садио Мане заслужи црвен картон за овој старт (Видео)

Објавено

на

Екипата на Ливерпул одигра уште еден сигурен натпревар и стигна до победа од 3:1 против тимот на Арсенал кој доста добро се држеше на „Енфилд Роуд“.

„Црвените“ стигнаа до победата по пресвртот кој го реализираа, а еден од стрелците на головите беше и Садио Мане.

Фановите на Арсенал, но и некои неутрални љубители на фудбалот ги преплавија социјалните мрежи со низа коментари за еден старт на Садио Мане од третата минута.

Сенегалецот со лакт го удри Кјеран Тирни во главата и според многумина  заслужи директен црвен картон, но наместо тоа главниот судија на натпреварот, Крег Посон  му покажа само жолт картон.

Голем дел од фудбалските вљубеници се запрашаа зошто ВАР не ја преиначи одлуката на Посон затоа што црвен картон на Мане со сигурност ќе му дадеше друг тек на овој натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни