Поврзете се со нас

Англија

Евра со поинаков став за најавеното засилување на Јунајтед: Ме потсетува на Жиру

Објавено

на

Манчестер Јунајтед ги договори личните услови со Ваут Вегхорст и сега се чека комплетирање на последните детали со Барнли и Бешкиташ, бидејќи холандскиот репрезентативец првиот дел од сезоната го мина на позајмица во турскиот великан.

Офанзивниот фудбалер кој имаше одлично издание и на Светското првенство е директна желба на менаџерот Ерик Тен Хаг, но во низата критички настроени коментари за купување на Вегхорст, сега се јави Патрис Евра кој смета дека Холанѓанецот би бил одлично засилување за нападот на Јунајтед.

Легендарниот лев бек на Јунајтед не се согласува со дел од легендите кои сметаат дека Вегхорст не е калибар на игра за да го облече црвениот дрес на „ѓаволите“, бидејќи според него, Холанѓанецот има слични квалитети како Оливие Жиру.

– Последните информации велат дека Манчестер Јунајтед набрзо ќе го потпише Вегхорст. Јас ќе бидам внимателен, ќе почекам да го видам во црвениот дрес пред да го прогласам за член на Јунајтед.

– Како и да е, тој за мене е навистина добар играч. Многу ми се допаѓа поради тоа што ме потсетува на Оливие Жиру. Знае да игра кога е свртен со грб кон голот, со неговата цврстина и сила знае да ја задржи топката. Знае да игра на фиксна позиција во нападот, а играчит како Рашфорд ќе профитираат со него. Ќе ужива да игра со него поради тоа што ќе може да трча зад него и на страна. Тен Хаг сака да има повеќе контрола на натпреварите и со Вегхорст ќе може да го добие тоа. Знае да дава и голови, игра со двете нозе и тој е играч кој може да му овозможи на тимот да земе воздух. Севкупно гледано, сметам дека тој ќе биде интересно засилување за Јунајтед, – вели Евра за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни