Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го претстави второто македонско засилување за наредната сезона

Објавено

на

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер претстави уште едно ново име, засилување за следната натпреварувачка кампања, освежување кое доаѓа од таборот на Вардар.

Се работи за левиот бек Дејан Кукуловски кој со клубот од Битола се обврза на договор на три сезони. Тој потекнува од школата на РК Младост од Ресен, која е вистински расадник за млади таленти во Македонија. Потоа настапуваше за Вардар Јуниор за да потоа повремено добие шанса во првиот тим на „црвено-црните“.

За Пелистер ова е второ македонско засилување по Марио Танкоски, а досега плус беа договорени Мараш, Мандалиниќ, Кушан и Периќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни