Поврзете се со нас

Балкан

Етеми ја најави победата на Истанбулспор (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Валон Етеми одигра важна улога во денешната победа на Истанбулспор над Тузласпор во втората лига на Турција.

Гостите се изборија за славје од 2-0, а истото го најави нашиот офанзивец кој мајсторски реагираше во 12 минута кога го отвори резултатот. Во 25 минута водството го зголеми Јилмас со што воедно се покажа како доволно за печат на трите бода.

Етеми беше активен до 69 минута, во актуелнава кампања има пет голови и седум асистенции во шампионатот.

Истанбулспор пак со 46 бода е на 4. место и ја продолжува борбата за влез во елитната конкуренција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни