Поврзете се со нас

Свет

Ерера си го исполни детскиот сон и како страствен фан ја гледаше својата омилена Бока на „Бонбонера“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Athletic_en

Андер Ерера е прославен шпански фудбалер кој посебно се истакна во Европа со изданијата во Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но по етапата во Париз, реши да се врати во Атлетик Билбао.

Крајот на сезоната во Ла Лига му овозможи на играчот за врска да почне да го планира својот годишен одмор, но пред да дојде до тоа, Андер реши да си го исполни својот детски сон.

Поранешниот играч на Јунајтед во повеќе наврати истакна дека сонува да ја доживее атмосферата на „Бонбонера“, а тоа конечно се случи и беше присутен на натпреварот против Коло Коло.

На покана на својот поранешен соиграч Марко Рохо, Ерера си го исполни детскиот сон и навиваше во ритамот на страствените аргентински фанови, по што ја даде и следната изјава.

– Бока е клубот од Аргентина кој секогаш ми привлекувал внимание. Тоа е поради навивачите и страста која се прикажува на овој стадион. Имам 10 или 12 дресови од Бока, имам цела колекција дресови. Кога татко ми играше во Аргентина, го молев да ми се јави на телефон и да ми раскаже како минала атмосферата на стадионот на Бока, – открива Ерера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни