Поврзете се со нас

Англија

Епилогот од осмото коло донесе и трета тренерска жртва во Премиер лигата (Фото)

Објавено

на

Дербито меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се најде во прв план ова неделно попладне, но во моменти кога сите зборуваат за неверојатните случувања на „Итихад“, тимот кој има разочаркувачки старт на сезоната доста срамежливо објави важна вест.

Вулверхемптон игра разочарувачки лош фудбал и покрај неколку звучни засилувања како Гонсало Гуедеш и Диего Коста, па сега цената за тоа ја плати менаџерот Бруно Лаге.

Составот кој важи за португалската колонија во Премиер лигата беше воден од португалскиот стручњак повеќе од една година, но на крајот испадна дека вчерашниот пораз од Вест Хем му пресуди.

„Волците“ се на 18-то место во Премиер лигата и се во опасната зона на табелата, па по осум комплетирани рунди, раководството смета дека е вистинско време за разделба.

Лаге е дури трета тренерска жртва во Премиер лигата уште во воведот на новата сезона, бидејќи претходно откази добија и Скот Паркер во Бурнмаут и Томас Тухел во Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни