Формула 1
Емотивното видео од кокпитот и тажната слика од Расел по трката ја обележаа ноќта во Бахреин (Видео)

Џорџ Расел ја обележа синоќешната трка за Големата награда на Бахреин во која само поради лошата работа на механичарите на Мерцедес остана без победата.
Во боксот на Мерцедес најпрво погрешија при менувањето на пневматиците, па Расел ја изгуби позицијата и падна на четвртата позиција. И покрај тоа тој успеа да се врати и стигна до второто место, а евидентно беше дека до крајот на трката ќе го престигне и Чеко Перез затоа што беше многу побрз од него.
Сепак, потоа се случи уште еден малер за Расел затоа што еден од неговите пневматици пукна па тој мораше да оди повторно во боксот и трката да ја продолжи од последното место.
На крајот го продолжи одличното возење и успеа да влезе во бодови, први за него во кариерата, меѓутоа горчината за тоа што се случуваше претходно остана кај младиот возач.
Кога добиваше охрабрувачки пораки и честитки од боксот на Мерцедес, Расел имаше емотивно издание во кое дури и се расплака поради се што му се случуваше.
George Russell’s reaction after his debut race for @MercedesAMGF1 ends in disappointment#SakhirGP 🇧🇭 #F1 pic.twitter.com/NXE9dCuqiA
— Formula 1 (@F1) December 6, 2020
На крајот, социјалните мрежи ги обиколи една слика од тажниот пилот кој беше легнат на тревата покрај патеката неверувајќи што му се случи на трката во Бахреин.
Останува да се види дали Џорџ Расел ќе добие уште една шанса во Мерцедес или Луис Хамилтон ќе го победи коронавирусот, па ќе се врати во болидот на шампионскиот тим кај конструкторите.
Како мала утеха за пилотот дојде и најбрзиот круг кој го имаше на патеката по кој обезбеди дополнителен поен, како и тоа што на крајот на трката од фановите беше избран за возач на денот.

- Шпанијапред 24 часа
Зидан со „крпен“ состав во градското дерби: Има на располагање само 13 играчи за 10 позиции на теренот (Фото)
- Шпанијапред 20 часа
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Англијапред 22 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- Германијапред 23 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- АТПпред 19 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Шпанијапред 20 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)
- Англијапред 21 час
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне