Поврзете се со нас

Македонија

Емини со два фантастични гола се погрижи за пресврт во малото скопско дерби

Објавено

на

Со новиот тренер како предводник, Македонија Ѓорче Петров продолжи да бележи извонредни резултати во домашниот шампионат, па денеска во натпреварот со кој беше отворено 14-то коло стигна до третата победа во низа.

Во малото градско дерби во главниот град, „лавовите“ успеаја да го победат Скопје на негов терен со пресврт, пред се благодарение на Емини кој постигна два еврогола.

Домаќинот Скопје поведе на стартот на вториот дел со голот на Јашаровски кој беше постигнат по голема грешка на голманот на гостите, но до крајот на мечот, видовме два фантастични гола од Емини.

„Осумката“ на Македонија најпрво израмни на 1:1 со фантастичен шут од слободен удар, а потоа го комплетираше пресвртот со уште еден силен удар од дистанца со својата десна нога.

Блесокот на Сефер Емини се покажа како клучен за нов триумф под водство на тренерот Бајрами, кој успеа да го искачи тимот до шестото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни