Поврзете се со нас

Лига Европа

Елмас со два гола го одведе Наполи во 1/16 финалето на Лига Европа (ВИДЕО)

Објавено

на

Еипата на Наполи се избори за посакуваната победа над Лестер во вечерашниот меч во Лига Европа, победа од 3-2 во која херој беше нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас беше автор на два погодоци, првиот за водство од 2-0, додека пак со вториот во 53 минута го постави конечниот резултат. Со ова нашиот ас стигна до бројката од четири гола во ова натпреварување, додека пак неговиот Наполи наредната година ќе игра во 1/16 финалето на истото.

Првото место во оваа група Ц го освои Спартак Москва и тоа со триумфот над Легија од 1-0, место кое им донесе осминафинале во ЛЕ.

Лестер пак ќе мора да се задоволи со настап во Конференциската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни