Поврзете се со нас

Италија

Елмас: Не знам која е мојата природна позиција, играм…

Објавено

на

Калчолигашот Наполи го искористи домашниот терен и славеше над Лестер со 3-2, резултат кој го одведе во нокаут фазата на Лигата на Европа или поточно во 1/16 финалето на истото каде ќе се соочи со некоја од екипите кои испаднаа од Лигата на шампионите (третопласираните).

Елмас со два гола го одведе Наполи во 1/16 финалето на Лига Европа (ВИДЕО)

Херој на наполитанците беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој даде два погодоци, по еден во првото и второто полувреме. Оваа партија донесе големо задоволство кај Елмас кој е пресреќен што му помогна на составот да ја оствари посакуваната цел.

-Ова е важно за нас, се квалификувавме и јас сум среќен со двата гола, но пред се тоа што тимот може да напредува во натпреварувањето. Се надеваме дека ќе работиме уште подобро во иднина. Докажавме дека сме вистински тим со карактер. Сите сме подготвени да играме и победуваме.

-Спалети ни кажа многу работи пред натпреварот, дека ние сме силен тим и треба да го докажеме тоа на теренот. Го направивме она што го побара, го добивме мечот и се пласиравме во следната рунда, -рече Елмас кој истакна дека не знае која му е природна позиција, но каде и да игра е спремен да го даде најдоброто.

-Се трудам да дадам се од себе онаму каде што тренерот ќе ме стави. Да бидам искрен, дури и јас не сум сигурен која е мојата природна позиција, -заврши дијамантот.

Спалети го испофали Македонецот: Кога сте во неволја, тука е Елмас

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни