Поврзете се со нас

Шпанија

Елиминацијата од Сити им покажа каде се, Реал се ослободува од десет фудбалери ова лето

Објавено

на

Реал Мадрид имаше доста успешна сезона во Ла Лига, но во Лигата на шампионите не поминаа баш најдобро затоа што беа елиминирани во осминафиналето од тимот на Манчестер Сити.

Ваквиот пораз сигурно ќе значи дека Зинедин Зидан ќе преземе некои активности кога во прашање е трансфер пазарот.

Се шпекулира дека од Реал Мадрид би можеле да заминат најмалку десет фудбалери кои би ослободиле место за евентуални нови засилувања.

Прв на листата е Герет Бејл чија продажба сигурно ќе се слави како освоена титула затоа што Велшанецот е огромен товар на управата на Реал Мадрид.

Втор кој ќе си замине и кој најверојатно во следниот период ќе реализира трансфер е Хамес Родригез кој би можел да остане во Мадрид но да го облече дресот на Атлетико.

На заминување од клубот размислува и Иско кој смета дека заслужува поголема минутажа, а голема е веројатноста Андреа Пирло да стори напори да го донесе во таборот на Јувентус.

Од клубот ќе си оди и Лука Јовиќ кој не се снајде во својата прва сезона, а ќе си оди и Лукас Васкез кој не сака веќе да биде 12-ти играч на „кралевите“.

Извесно е заминувањето и на Брахим и Мариано Дијаз, а понуда на маса од Рома има и Начо Фернандез кој сака да ја прифати.

Клубот ќе го напушти и Серхио Рехуилон кој досега беше член на Севилја каде играше како позајмен фудбалер, а постои можност дури и Марсело да си оди за повторно да заигра со Кристијано Роналдо во Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни