Поврзете се со нас

Конференциска лига

Екс тренер на Левски: Шкупи подобро да не доаѓа во Софија

Објавено

на

Инцидентите на првиот натпревар меѓу Шкупи и Левски ја подигнаа и онака тензичната атмосфера во пресрет на двомечот меѓу македонскиот и бугарскиот претставник во Конференциската лига, а не стивнуваат провокациите од бугарска страна и пред реваншот.

Поранешниот фудбалер и тренер на Левски, Емил Велев, за тамошните медиуми прогнозирал што ќе се случува на реваншот, но не заборавил да испрати и провокации во однос на нашата држава и градот Скопје.

– Мислам дека македонскиот тим ќе биде прегазен.

– Шкупи подобро да не доаѓа во Софија, така ќе загуби само со 3:0 службено.

– Нема да има нивни навивачи што е правилна одлука, бидејќи видовме што се случуваше таму, тоа беше класично варварство. Тоа е несфатливо за овој век, колку и да имаш омраза, не можеш да се однесуваш така.

– Видовме што се случуваше таму, наводно некој провоцирал, како го направиле тоа во тој смешен град? Скопје каков град е?- истакнал Велев во своите зајадливи изјави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни