Лига на шампиони
ЕХФ на уникатен начин го одбележа пречекот на шампионите: Грандиозни сцени во Скопје! (Фото)

Европските шампиони вчеравечер беа пречекани во главниот град онака како што доликува, започнувајќи од скопскиот аеродром, возејќи се по автопатот и улиците во двокатниот автобус, па се до плоштадот Македонија каде следеше кулминација на еуфоријата која сигурно уште долго ќе се памети.
Стоилов, Карачиќ, Дибиров, Кристопанс, Милосављев, Калараш и сите останати направија среќни илјадници фанови во нашата мала земја, а антологискиот пречек и неверојатните сцени од центарот во Скопје не ги остави рамнодушни ниту луѓето од ЕХФ кои со чудење ги пренесоа случувањата преку својот официјален веб сајт. Европската куќа на ракометот во својата вест го потенцира вонсерискиот пресврт против Барселона кога речиси сите го отпишаа Вардар, а исто така нагласува дека овие ракометари играа чисто од љубов кон клубот, бидејќи цели девет месеци немаа добиено плата.
– Оваа извонредна приказна започна со заминување на голем број играчи минатото лето, продолжи со повреди на играчи, но ништо од сето ова не го спречи клубот од Скопје да извојува херојска победа и да го освои својот втор трофеј во Лигата на шампионите.
– Со специјално отворен автобус, вардарци пристигнаа во Скопје каде беа поздравени од сите по патот. Глориозните сцени продолжија кога автобусот мина низ триумфалната капија и влезе во плоштадот кој беше премал за да ги собере сите оние кои сакаа да бидат дел од „црвено-црната“ бајка, – гласи завршниот дел од текстот на ЕХФ кој може комплетно да го видите на следниот ЛИНК.
-
Англијапред 21 час
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 21 час
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 23 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд