Поврзете се со нас

Свет

ЕХФ донесе нова одлука за случајот Драган Начевски

Објавено

на

Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе нова одлука за случајот на Драган Начевски кој се однесуваше на непријавувањето на прекршок.

Ценетиот македонски ракометен работник беше oслободен од функцијата претседател на Судиската Комисија во мај 2023 и тоа откако ЕХФ доби информација од данската телевизија ТВ2 дека тој бил вклучен во разговор со наводен кинески бизнисмен, разговор во кој беше допрена темата за местење натпревари.

Начевски ја одбил понудата, но таа средба, разговор не го пријавил во ЕХФ по што заработи казна. Драган се жалеше, па случајот беше вратен на повторно разгледување за да денеска стигне информацијата дека Начевски е суспендиран од вршење на какви било функции и активности во рамките на ЕХФ во рок од две години од датумот на одлуката (12 април 2024 година). Дополнително тој ќе мора да плати и казна од 5.000 евра.

Тој има право на желба до Апелација и тоа во рок од седум дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни