Поврзете се со нас

Свет

Егерт донесе конечна одлука за крај на ракометната кариера

Објавено

на

Данскиот ракометар Андерс Егерт беше едно од најдобрите леви крила и пенал реализатори изминативе десетина години на европската сцена, а сега тој донесе конечна одлука за крајот на кариерата.

Егерт кој веќе има 38 години потврди дека ова ќе му биде последна сезона во професионалната кариера, што значи дека дефинитивно ќе замине во пензија како играч на дански Скјерн.

Екс репрезентативецот на Данска долго настапуваше за националниот тим и иако никогаш не беше во прв план, ревносно ги извршуваше задачите на своите тренери и беше ефикасен од линијата за седум метри.

Со Данска тој стана европски шампион во 2012, со Флензбург беше европски клупски првак во 2014 година, а заврши и како најдобар стрелец на СП во 2013 година и во Бундеслигата во 2011 година. Го освои и Купот на побендиците на куповите во неговото последно издание во 2012 година, а со Данска стигна и до три сребрени медали на големите натпреварувања.

Егерт мина најголем дел од кариерата токму во Флензбург каде настапуваше цели 11 сезони, a тоа беше и единствениот клуб чиј дрес носеше надвор од Данска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни