Поврзете се со нас

Македонија

„Џомба“ облекува црвено-црн дрес: Првата понуда беше од Металург, но кога помислив на Столе …

Објавено

на

Гоце Георгиевски пред пет дена во изјава за „Дерби“ откри дека има една конкретна понуда од македонски клуб, но исто така напомена дека нема да може да решава за својата иднина се додека не добие подиректни инструкции од неговиот се уште актуелен клуб.

Популарниот „Џомба“ одигра фантастично во дресот на Букурешт и беше избран за најдобро десно крило во Романија, но во иднина ќе го гледаме во македонското првенство откако во разговор со најблиските, проценил дека најдобро ќе биде да остане во Скопје, по кризата која го погоди цел свет.

Во денешната изјава која ја добивме од Георгиевски, тој ни нагласи дека си подал рака со раководството на Вардар, но потпишувањето ќе се реализира наредната недела, бидејќи во меѓувреме треба да добие исписница од Букурешт која ќе биде ратификуваната и од тамошната федерација.

– Бев задоволен од оствареното во ЧСМ Букурешт, ми годи тоа што бев избран за најдобро десно крило, но во разговор со семејството, одлучивме дека најдобро е иднината да ја градам тука, – изјави Георгиевски за „Дерби“, а притоа откри дека имал дилеми околу донесувањето на одлуката, бидејќи прв со понуда му пристапил Металург, а потоа Вардар.

– Имав дилема околу одлуката. Во Металург израснав како играч, таму се афирмирав како репрезентативец и имам само добри спомени. Тоа беше реална и прва конкретна опција, но во последен момент се појави и Вардар, – открива македонскиот репрезентативец.

Тој нагласува дека пресудни за одлуката се покажале Столе Стоилов и градењето на една мини репрезентација во таборот на новиот Вардар.

– Една од пресудните работи е моето минато со Столе. Со него тренираме заедно од деца, а тој сега е капитен на двократен европски шампион ќе ми биде чест да играм заедно со него. Тука ќе биде и Талески и атмосферата сигурно ќе биде многу позитивна. Не смеам да го заборавам и Борко! На овој начин ќе имаме таканаречн клуб-репрезентација, во која се надевам ќе ни се приклучат и други играчи, – заврши „Џомба“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни