Поврзете се со нас

Европски првенства

Џенова со прва честитка до херојот Пандев во историската вечер за македонскиот фудбал (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев на најдобар можен начин го заокружи својот 114-ти настап за македонската фудбалска репрезентација, бидејќи на истиот, постигна историскиот гол кој вечно ќе остане во сеќавање на сите искрени љубители на фудбалот во нашата земја.

Погодокот на Пандев на гостувањето во Тбилиси ни донесе историски пласман на едно Европско првенство, момент кој значи остварување на сонот за нашиот капитен кој во неколку наврати порача дека сака да ја заврши кариерата на еден голем турнир како лидер на нашата најсилна селекција.

Овој сон на Пандев сега се оствари и цела македонска спортска нација го величи подвигот на фудбалските херои предводени од селекторот Игор Ангеловски, а прва честитка пристигна и од клубот за кој настапува нашиот лидер.

Џенова преку својот официјален Твитер профил не пропушти да го истакне исклучително важниот момент во кариерата за македонскиот фудбалски мајстор, кој за момент го доби прекарот „Еуро Пандев“.

– Еуро Пандев! Горан постигна гол и ја одведе својата селекција на Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни