Поврзете се со нас

Италија

Џенова излезе со порака за неочекуваното заминување на Пандев и сподели уникатно видео

Објавено

на

Голема желба на Горан Пандев беше да се прости пред полни трибини на Мараси и поради тоа реши да ја продолжи својата кариера по крајот на Европското првенство, но со оглед на ситуацијата со која се соочи од стартот на сезоната, искусниот македонски голгетер донесе една неочекувана одлука.

Без никаква најава од италијанските медиуми, Пандев направи трансфер во последните неколку часа од јануарскиот преоден рок, па така сега вториот дел од сезоната ќе го гледаме во Серија Б како член на Парма.

Пандев ќе му прави друштво на ветерано Џиџи Буфон кој е голема ѕвезда на Парма, а повеќе од јасно е дека Гоче му се приклучува за да добие минутажа и да одигра важна улога на теренот, нешто што не беше случај во последно време во Џенова.

Клубот кој го промени раководство и кој смени два тренери изгледа навистина турбулентно оваа сезона, па најверојатно тоа беше и една од главните причини за овој ненајавен чекор на Пандев.

– 32 пати благодараиме Горан. Не беше лесно да се прифати твојот избор, но со оглед на тоа кој си и што имаш направено, моравме да ја испочитуваме твојата желба, – гласи специјалната објава на Џенова во која е проследено уникатно видео од сите голови на Пандев во Серија А од етапата на „Луиџи Ферарис“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни