Поврзете се со нас

Германија

Џан му испрати директна порака на Санчо за можниот трансфер во Јунајтед

Објавено

на

Германскиот репрезентативец, Емре Џан му испрати директна и јасна порака на неговиот соиграч Џејдон Санчо за можниот трансфер во Манчестер Јунајтед.

Екипата од „Олд Трафорд“ во 20-годишниот Санчо гледа играч кој може да им донесе освежување, брзина во играта, голови, асистенции, поточно играч околу може да се гради екипата, ама во целата оваа ситуација се прашува и Борусија Дортмунд која дефинитивно нема намера лесно да се откаже од бисерот и секако милионите што би ги добила за неговите услуги.

-Не гледам причина за да го стави Манчестер Јунајтед пред Борусија Дортмунд. Не од спортска гледна точка, ниту поради привлечноста. Јас би му кажал да остане на земја и засекогаш заедно да играме.

-Џејдон има класа што ја немаат многу играчи. Тоа веднаш го забележав. Тој е исклучително важен за нас, -порача Џан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни