Поврзете се со нас

НБА

Морант избегна кривична одговорност, но го чека сериозна казна од НБА (Видео)

Објавено

на

Еден од  најдобрите кошаркари во НБА Лигата, Џа Морант, кој допрва требаше уште повеќе да го вивнува своето име во најелитното светско кошаркарско натпреварување се соочува со сериозни проблеми поради инцидентт кој го предизвика по натпреварот со Денвер.

Кошаркарот на Мемфис Гризлис по средбата со Денвер мавташе со пиштол во ноќен клуб, а видеото го постави на социјалните мрежи, по што полицијата веднаш покрена истрага.

Сепак, од полицијата веднаш го заклучиле случајот и Морант нема да добие казна затоа што немало доволно докази за да добие кривичен прекршок.

Но, она што сега „виси над главата“ на кошаркарот е казната која му се подготвува од НБА Лигата и неговиот клуб. Мемфис веќе го суспендира играчот и тој нема да игра за нив на следните пет натпревари, додека од НБА допрва ќе му врачат казна.

НБА лигата има строги правила во својот колективен договор во кој стои дека носењето на огнено оружје е строго забрането. Според правилникот тоа значи автоматска суспензија од 50 натпревари, па Џа Морант би можел да ја пропушти целата оваа сезона, како и цела календарска година.

Инаку, Морант важи за доста скандалозна личност и досега зад себе веќе има неколку инциденти кои не поминаа незабележано од јавноста во САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни