Поврзете се со нас

Шпанија

Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо полека влегува во завршна фаза и фудбалскиот свет полека се подготвува за новите ѕвезди, особено во ситуација кога Аргентинецот и Португалецот веќе играат фудбал далеку од Европа.

Реално гледано, фудбалот е во сигурни раце со фантастични имиња и таленти како Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд, Џуд Белингам, Ламине Јамал, Џамал Мусиала, Винисиус Жуниор и многу други, но се чини дека веќе е создадена дебата за ривалството кое се развива меѓу Килијан и Ерлинг.

Французинот и Норвежанецот играат на завидно ниво веќе неколку сезони и покажуваат континуитет кој е предуслов за врвна кариера, а моќта на двајцата фудбалери интересно предизвикала дебата и во првиот тим на Реал.

Орелијан Чуамени и Џуд Белингам заземале различни страни во дебатата за тоа кој е подобар, пришто Чуамени го брани својот сонародник, а Џуд својот поранешен соиграч од Борусија Дортмунд.

Белингам за Халанд: Тој е неверојатно момче

Чуамени: Не ни гајле…..

Белингам: Тој е подобра од твоето момче (Мбапе)

Чуамени: Те молам, те молам……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни