Поврзете се со нас

Формула 1

Два Ф1 тима се повлекоа од жалбата за казната за Рејсинг Поинт

Објавено

на

ФИА денеска потврди дека само Ферари и Рено официјално поднеле жалба за одлуката за казнување на Рејсинг Поинт со 15 поени од конструкторската табела.

Рејсинг Поинт беше пријавен од овие два тима заедно со Мекларен и Вилијамс, дека копирал дизајн од ланските болиди на Мерцедес, а стјуардите одлучија да го казнат овој тим, но не и неговите возачи.

Ферари и Рено поднеле жалби на оваа одлука, додека Мекларен и Вилијамс иако најавуваа, решија да се повлечат од процесот и својот потег го објаснија со соопштенија.

Тие велат дека се задоволни од одлуката на одговорните тела и нивната заложба да нема нелегални елементи на болидите, но нема да бараат дополнителни казни за Рејсинг Поинт.

Тимот кој ја заработи казната исто така поднел жалба, а неговиот сопственик Лоренс Строл јавно ги обвини инволвираните клубови дека заработиле што значи фер-плеј.

Рејсинг Поинт е обвинет дека користел елементи на сопирачките од ланскиот болид на Мерцедес, а двата тима кои се повлекоа од тужбите од идната сезона ќе имааат мотор на германскиот производител.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни