Поврзете се со нас

НБА

Дурент за поразите од Нигерија и Австралија: Тоа беа добри шлаканици

Објавено

на

Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ги немаше посакуваните резултати на завршниот подготвителен перод пред настапот на Олимписките Игри, односно забележа само две победи на четирите натпревари.

Американците загубија двапати во низа од Нигерија и Австралија за да потоа ги добијат Аргентина и Шпанија. Тие порази според Кевин Дурент биле во вистинско време, односно истите им покажале дека ќе мора да бидат на далеку повисоко ниво во Токио ако сакаат одново да бидат први, да ги освојат златните медали.

-Имам чувство дека сè ќе биде во ред кога ќе почнеме да играме важни натпревари, па затоа беше добро да добиеме шлаканица за да не потсетиме дека нема да прошетаме на олимпискиот турнир. Чувствувам дека подобро разбираме што очекува тренерот (Попович) од нас, дека момците се чувствуваат подобро и подобро ги преземаат своите улоги во тимот, -вели Кеј Ди и додава:

-Секој сака да види како губиме, секој натпревар носи малку поголем притисок, нашите противници добиваат самодоверба … Ама знаеме во што влегуваме, -заклучи Дурент кој освои златни медали со тимот на САД во Лондон и Рио де Жанеиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни