Поврзете се со нас

Шпанија

Дудек со „пофалби“ за големите ѕвезди: Меси е провокатор, Роналдо е егоцентрик, а Раул е арогантен!

Објавено

на

Јержи Дудек имаше респектабилна играчка кариера и своите најдобри денови ги имаше во Ливерпул, но откако ја освои Лигата на шампионите со „црвените“, доби џек-пот и се пресели во Реал Мадрид.

Полјакот обично беше резерва на Икер Касилјас и не се наоѓаше во прв план, но фактот што беше блиску до големите ѕвезди му даде за право да ги коментира во својата автобиографија, од која сега се појавија делови во јавноста.

Дудек е доста директен во своите обраќања и не штеди критики за три големи фудбалски ѕвезди, од кои две се уште се активни и всушност остварија историја последните 20 години.

– Меси беше многу злобен и провоцираше, исто како Барселона и Пеп Гвардиола. Видов како Меси им кажува ужасни работи на Пепе и Рамос, зборови кои тешко може да се замислат дека доаѓаат од устата на толку угледна и важна личност, – вели Дудек и додава.

– Раул е многу арогантна личност, но истовремено знае да биде и нормален за останатите. За разлика од него, Кристијано е егоцентрик и секогаш сака да победува. Повеќе сака да победи 1:0 со негов гол, отколку тимот да победи со 5:0 без да даде гол. Ако се тргне тоа настрана, станува збор за нормален човек, иако тоа не изгледа баш така од страна, – додава Дудек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни