Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Доживеа фијаско, но тоа не му пречеше да биде расположен по натпреварот: Куман ги разбесни фановите на Барселона (Видео)

Објавено

на

Екипата на Барселона доживеа вистински дебакл од ПСЖ губејќи на „Камп Ноу“ со 4:1 и со тоа значително намалувајќи ги шансите за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите.

Навивачите на Барселона освен со играта останаа шокирани и лути и по однесувањето на нивниот тренер, Роналд Куман по крајот на средбата.

Куман беше уловен од камерите како се смее по крајот на средбата, додека се поздравува со фудбалерите на проитвничкиот тим. Очигледно беше дека на холандскиот стратег ваквиот болен пораз од ПСЖ не му паднал баш тешко.

По појавувањето на снимката фановите на каталонскиот клуб уште повеќе се нафрлија на Куман кој и онака не е омилен меѓу навивачите поради слабите резултати на Барселона оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни