Поврзете се со нас

Светски првенства

Дончиќ пцуеше во балкански стил, но заборави дека му судат Хрват и Босанец (Видео)

Објавено

на

Лука Дониќ поради две технички грешки предвреме го заврши натперварот со Канада и беше крајно разочаран од елиминацијата на Мундобаскетот, но словенечката ѕвезда доби една опомена судиите и на натпреварот за седмото место.

Словенија ја победи Италија со 89:85 и со победа го заврши Мундобаскетот, кој Дончиќ ќе го памети по фантастичните индивидуални издание, но и по проблемите кои ги имаше со судиите.

После еден дуел со двајца противници по кој не беше досуден фаул, Дончиќ нервозно падна на земјата и почна да пцуе во балкански стил, па иако немаше судии во близина, очигледно тој заборави дека арбитрите се од овие простори.

Лука ги спомена мајките на судиите додека беше на подот, а некој од Адемир Зураповиќ (Босна) и Мартин Вулиќ (Хрватска) го слушна и му додели техничка грешка.

Дончиќ се чудеше од одлуката, но сепак во дадениот случај оправдано беше опоменат и до крајот на натпреварот мораше доста да внимава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни