Поврзете се со нас

Шпанија

Шпанците ја најавија казната за Валверде поради нападот на фудбалер на Вилјареал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Соодветната комисија на Шпанската фудбалска федерација денеска го разгледувала инцидентот во кој Федерико Валверде го удри Алекс Баена, по дуелот меѓу Реал Мадрид и Вилјареал од минатата сезона во Ла Лига и веќе е најавено каква ќе биде казната за Уругваецот.

Валверде предизвика скандал откако го сочека играчот на Вилјареал на паркингот на „Сантијаго Бернабеу“, по што Баена заработил и удар во лицето, а казната беше оставена за по крајот на сезоната.

Лицето одредено за целосно истражување на инцидентот денеска предложил до Натпреварувачката комисија дека соодветна казна е суспензија на пет натпревари, што сигурно не е мал хендикеп за Реал, но истовремено и компромисно решение бидејќи на Валверде му се закануваше и многу поголема казна.

Ако казната биде потврдена, Валверде ќе ги пропушти дуелите со Атлетик Билбао, Алмерија, Селта, Хетафе и Реал Сосиедад.

Според „АС“, Реал Мадрид ќе испрати жалба на одлуката веднаш штом истата ќе биде соопштена официјално.

Трето полувреме на „Бернабеу“: Валверде сочекал играч на Вилјареал пред автобусот и му удрил бокс!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни