Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ се договорил со евролигаш од Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ веќе доста време е дел од тимот на Хувентуд од Бадалона, но како што стојат работите од наредната сезона ќе го гледаме во друга средина иако ќе остане во Шпанија.

Според информациите на специјализираниот кошаркарски портал „Еуробаскет“ Македонецот се договорил со една од најдобрите екипи на Пиринеите-тоа е евролигашот Валенсија. Тој според истиот извор е вториот потпишан играч за следната натпреварувачка сезона од страна на Валенсија, првиот е Бојан Дубљевиќ кој ја продолжи соработката.

Се чека официјална потврда на оваа вест, но повеќе од јасно е дека Нено од сезона во сезона е се подобар и затоа најдобро говорат неговите бројки од 8 поени, 3,3 асистенции и 1,7 скока во АЦБ лигата и 11,9 поени, 3,9 асистенции и 1,6 скока во Еврокупот.

Плејмејкерот заедно со Хувентуд го очекувува завршниот турнир во АЦБ лигата, прв ривал во групата им е Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни