Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ и Хувентуд победнички ја отворија новата сезона во Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Хувентуд од која дел е македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ славеше над Уникаха со 81-73 во натпреварот од првото коло во АЦБ лигата.

Со исклучок на првиот период кој им припадна на гостите (15-22), останатиот дел мина во знакот на клубот од Бадалона кој покажа карактер, знаење и дојде до поволен резултат за добар почеток на шпанскиот шампионат.

Засилувањето од Барселона, центарот Томиќ беше најрасположен за игра и запиша 17 поени и 7 скокови. Димитријевиќ доби шанса од клупата, играше 25 минути за кои уфрли 7 поени, 1 скок, 3 асистенции.

Во продолжение погледнете една од асистенции на нашиот Нено.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни