Поврзете се со нас

Свет

Димитриевски и Димитриоски се радуваа на победа против Нава (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.atleticovalladolid.es/ Sergio Borja

Македонските интернационалци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски забележаа победа со нивниот Валјадолид над Нава (32:29) во првата лига на Шпанија.

Ова за избраниците на Писонеро беше трета победа во низа и тоа против тим кој во моментов е пред нив на табелата. Домаќините во двете полувремиња дадоа по 16 голови со тоа што во првото одиграа на повисоко ниво во одбраната, се стекнаа со предност од четири гола која на крајот се покажа како пресудна врз исходот на натпреварот.

Димитриоски и Димитриевски постигнаа по два гола на ова соочување.

Со 25 бода Валјадолид е на 7. место на табелата во АСОБАЛ лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни