Поврзете се со нас

Шпанија

Димитриевски доби нов тренер во Рајо Валјекано

Објавено

на

Рајо Валјекано ја заврши потрагата по нов тренер и вечерва тимот на нашиот Столе Димитриевски го објави наследникот на Андони Ираола.

Нов тренер на Рајо ќе биде Франциско Родригез, стручњак кој минатата сезона релативно рано доби отказ од Елче и потоа беше без ангажман.

Претходно, Родригез има работено и во Алмерија и Џирона, а се чини ова ќе биде и најголем предизвик во досегашната тренерска кариера.

Официјалното претставување на новиот тренер на Рајо е закажано за 3. јули, а негова главна задача е да ги надгради досегашните солидни резултати на тимот кој минатата сезона беше воден од Ираола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни