Поврзете се со нас

АТП

Дел Потро се сомнева во Зверев: Не знам дали може да го повтори тоа против Ѓоковиќ

Објавено

на

Се поблиску и поблиску сме до крајот на последниот грен слем за оваа календарска година, односно останува само уште завршницата-полуфиналето и финалето.

Токму во полуфиналето ќе гледаме едно вистино дерби меѓу Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев, двајца тенисери кои се во одлична форма, тенисери кои досега деветпати се имаат соочено и поуспешен е Србинот кој води со 6-3.

Меѓутоа последниот дуел во на ОИ во Токио го доби Германецот, па затоа сега сите со нетрпение очекуваат да видам дали тој одново ќе може да му застане на патот на Новак кој да не заборавиме брка календарски грен слем и воедно 21 пехар со што ќе стане рекордер.

-Зверев е во идеална физичка и ментална состојба, може да ја освои титулата и нема сомнеж во тоа. Сепак, во исто време, мислам дека ќе има голем притисок затоа што тој никогаш нема победено на грен слем, -вели Хуан Мартин Дел Потро кој не верува дека може да се повторно она што се случи во Јапонија.

-Не знам што може да се случи во предизвикот со Новак. Саша е многу интелигентен играч, но секогаш му недостасуваа детали за да го освои главниот трофеј. Не сум сигурен дека може да го повтори подвигот против Ѓоковиќ. Олимпијадата е различен вид на настани, -објасни Дел По.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни