Поврзете се со нас

Лига Европа

Дел Пјеро образложи зошто Дибала изгледа многу посреќно во Рома

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Пауло Дибала беше еден од лидерите на Јувентус долги години наназад, па иако имаше преддоговор за нова соработка со клубот, на крајот се изјалови целата операција и Аргентинецот извиси откако „старата дама“ реши парите да ги вложи за Душан Влаховиќ.

Јувентус ја повлече својата понуда и така Дибала остана слободен агент изминатото лето, па по долго размислување, на крајот му се приклучи на Жозе Мурињо и стана најголемо и најзвучно засилување за Рома.

За разлика од последната сезона во Јуве, Жозе Мурињо навистина добро ги менаџира повредите на Дибала и засега не дозволи да има подолга пауза, факт кој предизвика големо внимание и кај Алесандро Дел Пјеро.

– Дибала дефинитивно станува позрел, а тоа е производ и на тешките чекори кои ги имаше во Јувентус. Имаше многу убави момент, но и не толку убави со повредите. Тој не беше главен протагонист на Светското првенство, но на крајот беше важен со пеналот во финалето.

– Сега изгледа многу посреќно во Рома отколку минатата сезона. Жозе Мурињо навистина го посакуваше и интересно е да се анализира Дибала оваа сезона. Интересно е да се анализира како Мурињо направи Дибала да се врати на ова ниво. Сега не изгледа како играч кој има физички проблеми. На Пауло му е потребно да биде фит, да чувствува доверба и да биде сакан, тоа му недостасуваше минатата сезона. Неговиот квалитет никогаш не бил доведен во прашање, а тоа го гледаме и сега, – вели Дел Пјеро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни