Поврзете се со нас

Англија

Дефанзивец на Јунајтед се набилда во обид да се избори за место и да го импресионира Тен Хаг (Фото)

Објавено

на

Аксел Туанзебе потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед минатиот август, но веќе следниот ден беше испратен на позајмица во Астон Вила откако не се најде во плановите на Оле Гунар Солскјер.

Талентираниот дефанзивец имаше неуспешна трета етапа во Бирмингем, но потоа се покажа дека изминатава кампања е сезона за заборав за Туанзебе кој беше испратен на втора позајмица.

Стоперот замина на позајмица во Наполи во зимскиот преоден рок и речиси да не заигра поради повреди, па сега се враќа во Манчестер Јунајтед и ќе добие шанса да се докаже пред новиот менаџер.

Со секој нов проект и нов тренер, играчите гледаат шанса да се покажат пред останатите, а како што стојат работите, Туанзебе времето во рехабилитација го искористал за да режира неверојатна трансформација.

Централниот дефанзивец кој има 24 години очигледно сака да го импресионира Тен Хаг со својата физичка подготовка, бидејќи на сликите се гледа дека има добиено мускулна маса и значително е зголемен од тоа што беше пред една година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни